Утрински Весник
Македонија

140 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење на сигурен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Познат скопски бизнисмен најден мртов во базенот во својот двор

Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик ако остане политичката дискриминација во него

Галичка свадба 2026: Традиција што обединува генерации и партнерства