Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ристова: Изгласани се измените на Законот, следува исплата на субвенциите за 20.000 тутунари

300x250 opst2

Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од група пратеници од пратеничката група на СДСМ, истакна паратеничката од оваа партија, Лолита Ристова.

Како што рече таа, по четири месеци одолговлекување од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно притиснати од јавните критики за нивното неодговорно однесување, учествувале во гласањето на овие измени.

„Со измените на Законот им се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунопроизводителите кои не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни целата постапка и веднаш да ги добијат субвенциите кои им следуваат.

Важно е да се истакне и дека со измените на Законот се зголемува поддршката за набавка на гориво на земјоделските стопанства од 50 на 100 отсто од вредноста на горивото.

Ова во време на светска енергетска криза и раст на цените на горивата е особено значајна помош кои ќе ги намали производствените трошоци и ќе придонесе за конкурентно земјоделско производство.

Со усвоените измени се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.

Веќе во следните денови започнува исплатата на субвенциите кон над 20.000 семејства во вкупен износ од една мијалрда и 300 милиони денари односно над 21 милион евра.

Овие средства се обезбедени уште на почетокот на годината и исплатата ќе започне штом законските измени се објават во Службен весник“, нагласи Ристова.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места