Утрински Весник
Свет

Чавушоглу: Ставот на Турција е јасен – не се приклучуваме на санкциите

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чуавушоглу изјави дека Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија.

Тој исто така изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

„ Санкциите против Русија ја погодија и Турција. Тие ја разбираат нашата позиција и тоа мора да се разбере со оглед на нашата посредничка улога. Нашата позиција е јасна, нема да се приклучиме кон санкциите и нема да дозволиме тоа да се прави преку нас“, рече Чавушоглу во соопштение за турската агенција Анадолија.

Чавушоглу додава дека Зеленски за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

„ Буквално вчера за време на разговорите Зеленски рече дека сака да се сретне со Путин. Турција продолжува да прави напори“, рече Чавушоглу.

Можете да прочитате

ЕУ ги повика земјите-членки да не чекаат да ги наполнат складиштата за гас

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз