Утрински Весник
Свет

Поранешен агент на ФСБ лут на руските власти: „Се откажаа од вистинската цел, ни се заканува пораз“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа за конфликтот во Украина.

Институтот наведува дека има сè поголеми несогласувања во руските воени кругови и дека некои тврдат оти Кремљ не прави доволно за да победи во војната.

Поранешниот офицер на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Игор Гиркин (познат и како Стрелков) ги осуди изјавите на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека приоритет на специјалната операција во Украина е ослободувањето на Донбас, соопшти Институтот.

Гиркин тврди дека Кремљ се откажал од идеолошката основа на конфликтот фокусирајќи го конфликтот на Донбас, а не на цела Украина.

Гиркин се пожали и дека претставниците на Кремљ повеќе не ја доведуваат во прашање легитимноста на постоењето на Украина и дека концептите на денацификација и демилитаризација се заборавени. Тој го обвини Кремљ за политика на смирување и рече дека заканата од пораз продолжува да расте.

„Несогласувањето на Гиркин е симболично за континуираните промени во круговите на руските воени ентузијасти и поранешни војници. Кремљ постојано ги ревидира своите цели за војната во Украина поради неуспехот на бојното поле.

Кремљ сè повеќе се соочува со незадоволство, не само од Русите кои се против војната, туку и од воените и националистичките фигури лути поради загубите на Русија и фрустрирани од промените кои Кремљ ги прави во рамки на војната“, се вели во анализата на Институтот.

 

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година