Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски призна дека заради лошото управување со ЕЛЕМ и криминалните тендери, народот ќе плаќа поскапа струја

Бислимоски призна дека заради лошото управување со ЕЛЕМ и криминалните тендери, народот ќе плаќа поскапа струја, Ковачевски молчи, соопшшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Марко Бислимоски по 5 години на чело на РКЕ на крај беше искрен со граѓаните и призна дека заради слабото производство на струја од страна на ЕЛЕМ се јавуваат огромни потреби од увоз на струја, која е и до 260 евра за мегават час.

Само заради лошиот менаџмент со РЕК Битола, хидроакумулациите и другите енергетски капацитети народот сега плаќа 30% поскапа струја, а во најава се нови покачувања. Конечно некој од власта искрено да ја признае својата неспособност. Годишните загуби заради недоволното производство на струја од домашните капацитети можат да одат и до 250 милиони евра“ велат од партијата.

Тие 250 милиони евра, како што се наведува, се пари во девизи, кои трајно се одлеваат од Македонија. Според ВМРО-ДПМНЕ, тие пари доколку власта добро менаџира со енергетските капацитети би останале во државата и ќе можат да се инвестираат во енергетски проекти, но наместо тоа, тие се одлеваат за купување на скапа струја, а енергетскиот систем е се послаб и послаб.

„ СДСМ буквално нема план за справување со енергетската криза. Тие конечно треба да си ја признаат својата неспособност и да распишат предвремени парламентарни избори, по кои ќе следи нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја извади државата од криза“ се додава во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Кавахара Сецуко

Девизните резерви на крајот на август 4,75 милијарди евра

СДСМ: Инфлација од 4,4% беснее и во август, власта не носи ниту една мерка