Утрински Весник
Свет

Вучиќ денес ќе положи заклетва за вториот претседателски мандат

Dik 300x250 mk

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе положи заклетва во Народното собрание за вториот претседателски мандат.

Во 11 часот е закажана посебна седница на парламентот.

Претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ, свика седница на актуелното свикување на Парламентот врз основа на член 114 од Уставот на Србија, на која претседателот ќе положи заклетва и ќе се обрати пред пратениците и гостите.

На седницата ќе биде презентиран извештајот на Републичката изборна комисија за резултатите од гласањето, а полагањето заклетва ќе го означи почетокот на новиот петгодишен мандат на Вучиќ.

Заклетвата дадена од претседателот е уште една гаранција дека Косово и Метохија е составен дел на Србија, а претседателот експлицитно се заколнува дека јужната покраина ќе биде составен дел од земјата.

Вучиќ на 3 април победи во првиот круг на редовните претседателски избори со 58,59 отсто од вкупните гласови.

Неговиот прв мандат започна на 31 мај 2017 година, кога свечено положи заклетва во Домот на Националното собрание.

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки