Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога

Приведен е 32-годишен жител на Делчево, во чиј дом била пронајдена дрога.

Според информациите, при претрес извршен со наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојува, пронајдени се 45 пакувања марихуана и една вага.

Д.Д. е приведен во Полициска станица Центар, а по документирање на случајот од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Сообраќајка на автопатот кај Петровец – итните служби на лице место

Мицкоски, Гаши и Силјановска на прием кај г.г. Стефан

Одреден притвор за сопственикот на опожареното кафуле во Кран – Монтана