Утрински Весник
Македонија

(Видео) Подобри услови за работа на Уставниот суд побара Кацарска од Пендаровски, Ковачевски и од Џафери

Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Уставниот суд на покана по претседателката на судот, Добрила Кацарска.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, за време на посетата, на која присуствувале и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, Пендаровски бил запознаен со тековните активности на Уставниот суд и предизвиците во неговата работа.

Претседателката на судот посочила на проблемите со кадровската неекипираност, а исто така ги претставила техничките услови за работа на судот и потребата за нивно подобрување.

На средбата биле пренесени и неколку иницијативи во однос на исполнувањето на надлежностите на судот вклучувајќи ја можноста за воведување уставна тужба со проширување на надлежностите на Уставниот суд.

Пендаровски ја истакнал потребата за скорешно надминување на предизвиците во работата на Уставниот суд посочувајќи дека во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови.

Можете да прочитате

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Царина заплени злато, 37.500 евра, „Ејпл” уреди, тутунски производи и парфеми

ДИК ги одби сите 16 приговори за вториот круг во Брвеница, Карпош и Шуто Оризари