Утрински Весник
Спорт

Алкараз го декласираше Хачанов за пресметка со Зверев

Шпанската тениска тинејџерска сензација, Карлос Алкараз доби чест да ја предводи неделната вечерна програма на Ролан Гарос и не ги разочара своите фанови, откако стигна до рутинска 6:1/6:4/6:4 победа над 22. носител, Русинот Карен Хачанов за да се пласира во четврт-финалето на турнирот, каде што го чека германскиот ас Александер Зверев.

Уште еднаш покажувајќи дека целата медиумска „помпа“ околу него не е без причина, 19-годишниот Алкараз имаше неверојатен старт на мечот, освојувајќи го првиот сет за само 27 минути игра.

Претходно, своето место во четврт-финалето го обезбеди и Зверев со 7:6 (11)/7:5/6:3 светскиот тенисер број 131., Шпанецот Бернабе Запата-Миралјес по нешто повеќе од три часа игра. Првиот сет беше посебно неизвесен, во кој Германецот стигна до 13:11 победа во тај-брејкот.

> Алкараз го декласираше Хачанов за пресметка со Зверев <

Можете да прочитате

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари

По тепачката во финалето Аргентинец заминува од Атлетико Мадрид

ФИФА отвори истрага против Аргентина