Утрински Весник
Спорт

Анри „удри“ по Салах: Прво победи ги Реал, па зборувај за одмазда

Тјери Анри смета дека Мохамед Салах направил голема грешка со изјавите дека сака да има „одмазда“ против Реал Мадрид и дека тоа требал да го сочува по евентуалната победа над Ливерпул.

Салах неколку пати пред вчерашното финале изјави дека е подготвен за одмазда за поразот во финалето во Киев пред четири години, кога тој беше повреден од Серхио Рамос, а „кралевите“ стигнаа до 3:1 победа.

Анри го испофали Реал Мадри и посебно голманот Тибо Куртоа, и му порача на Салах дека коментарите требал да ги сочува за по мечот.

„Секогаш велам дека не треба да зборуваш пред финале. Победи го Реал Мадри и потоа кажи: ‘Ов беше одмазда’. Кога зборуваш пред финале, потоа мораш да го добиеш. Секогаш сме велеле, треба топката да се смести во мрежата. Мадрид имаат еден удар и даваат гол. Ливерпул имаа многу, но тука беше Тибо Куртоа“, објасни Анри.

> Анри „удри“ по Салах: Прво победи ги Реал, па зборувај за одмазда <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0