Утрински Весник
Свет

Курти: Подготвуваме апликација за членство на Косово во НАТО и ЕУ

По поднесувањето на апликацијата за членство на Косово во Советот на Европа, во тек се подготовките за аплицирање за членство во НАТО и ЕУ, изјави косовскиот премиер, Албин Курти.

Курти додаде дека членството во Советот на Европа ќе биде можност Косово да напредува на полето на правдата.

Тоа Курти го изјави на состанокот на Генералниот совет на движењето Самоопределување, чиј претседател е.

„Во тек се подготовките за аплицирање за членство во Партнерството за мир во рамките на НАТО, а ќе поднесеме и барање за влез во ЕУ“, рече тој.

Курти изјавил и дека Косово постигнало напредок на повеќе полиња, меѓу кои економскиот раст, борбата против корупцијата и криминалот, како и зајакнувањето на судството.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови