Утрински Весник
Свет

Се запалија вагони на централната станица во Загреб

Пожар избувна утрово на централната железничка станица во Загреб, при што нема повредени, соопштија полицијата и пожарникарите, кои набрзо го спречија ширењето на пожарот.

Полицијата околу 8.50 часот добила пријава за пожар на Главната железничка станица.

Како што пренесе „Индекс“, од полицијата истакнале дека според досега собраните информации пожарот избил на два некористени вагони.

За околу половина час било запрено ширењето на пламените јазици.

Можете да прочитате

Најмалку 21 лице загина во автобуска несреќа на Зеленортските Острови

Германска ракета лансирана во орбитата

Израел го нападна јужен Либан, најмалку четворица мртви, 20 повредени