Русија покажа дека е подготвена да го искористи глобалниот пристап кон храната за своите политички цели, а потоа да се претстави како разумен актер и да го обвинува Западот за секој неуспех, се вели во најновиот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко на 25 мај изјави дека Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите што превезуваат храна низ Црното Море во замена за укинување на санкциите.
Министерот, исто така, побара од Украина да ги отстрани мините од областа околу пристаништето Одеса за да им дозволи на бродовите да минуваат. Во овој случај, Украина постави поморски мини поради, како што беше наведено, закана од руски амфибиски напади од Црното Море.
„Русија покажа дека е подготвена да ја искористи глобалната безбедност на храната за своите политички цели, а потоа да се претстави како разумен актер и да го обвинува Западот за секој неуспех. Обидот на Русија да ги олесни меѓународните санкции, исто така, го нагласува притисокот што санкциите го вршат врз режимот“, според најновиот извештај.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 29 May 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/uOVOzCZE8O
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/f1hL0W2AGs
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) May 29, 2022