Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Го поздравуваме тоа што антикорупциска отвори предмет, Велковски да поднесе оставка

„Според информации во јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за незаконското назначување од страна на Данела Арсовска на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје.

Тоа е за поздравување.

Велковски е незаконски назначен од Арсвоска, прекршен е членот 44 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Тој истовремено е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен паушал од 18.000 денари, додека како секретар на Градот тој има плата од околу 50.000 денари.

Овој случај на грубо прекршување на законите мора да добие разрешница, а Велковски мора да се повлече од функцијата на која е незаконски поставен од страна на Арсовска.

Сите инволвирани во овој случај мора да бидат санкционирани соодветно законите.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува по старо, со прекршување на законите и партизација на институциите работи на штета на граѓаните“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

ЛАДЕН БРАН НА БАЛКАНОТ: Ни доаѓа првиот снег за оваа сезона!

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии

Скринингот кој го побара СДСМ покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност прашуваат од СДСМ