Утрински Весник
Македонија

164 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за возач почетник…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател, Никушор Дан

ВЛЕН: „Месецот на Европа” носи нов пристап, европската интеграција поблиску до граѓаните и конкретните придобивки