Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски

Криминалниот случај со препродажба на парцели во Делчевско за кои целата јавност беше информирана пред локалните избори конечно добива епилог. Кривични пријави се поднесени против седум лица, меѓу кои и функционери на ВМРО-ДПМНЕ и блиски соработници на Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.

„ Сите овие лица се под сомнение дека со однапред договорена зделка противправно се стекнале со 1,5 милиони евра. Аферата „Криминални парцели“ води директно до Мицкоски и Белиот дворец.

Апелираме до надлежните институции докрај да се расчисти овој криминал,а одговорните да бидат соодветно санкционирани. Одамна заврши времето на недопирливите за законот.

Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил какво било криминално дело мора да одговара за своите постапки“ се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!