Утрински Весник
Македонија

Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар

Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го чистат делот на кејот на река Вардар од пешачкиот мост кај населбата Злокуќани кон хотелот „Александар Палас“ и со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините на овој потег.

Досега се исчистени деловите од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат од двете страни од кејот, исто така исчистен е просторот од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае, како и делот кај „Желениот мост“ до објектот на ТВ Канал 5.

Во наредниот период продолжува интензивното сечење на обраснатата вегетација на кејот на реката Вардар, согласно Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година.

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола