Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Срцето ми е скршено поради трагедијата во Тексас

Папата Франциско изрази сочувство за трагедијата во училиште во Тексас и упати молитви за жртвите и нивните семејства за време на неделната аудиенција.

„Моето срце беше скршено поради пукањето во основно училиште во Тексас“, рече тој.

Папата, исто така, повика на посилна контрола на оружјето и посветеност за „вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат“.

Сочувство денеска упатуваат и други европски лидери, вклучително и премиерите на Словачка, Ирска и Финска, пишува Си-ен-ен.

Можете да прочитате

Во Британија оваа пролет е најтолпа и најсушна во последните 50 години

Маж со автомобил удри во група луѓе во Пасау, Германија

Анкета: Се зголемува поддршката за демохристијаните, се намалува за Алтернатива за Германија