Утрински Весник
Македонија

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

Како што рече, на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква ќе стане збор на темата, а за одлуката ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред, со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

„Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за ТАСС, пренесе РСЕ.

Поддршка претходно стигна и од вселенскиот патријарх Вартоломеј за кого отстранувањето на повеќедецениската шизма е историски момент.

Можете да прочитате

„Ауди“ удри малолетен пешак во Скопје – детето итно пренесено во Ургентен

Филипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку

ЦУК: Еден активен пожар, еден под контрола