Утрински Весник
Свет

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и Јапонија, и ја истакна важноста на алијансата во контекст на руската инвазија на Украина.

„Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја“, рече Бајден.

„Бруталната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина предизвика хуманитарна катастрофа. Невини цивили се убиваат на улиците, а милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Тоа не е само прашање на Европа, туку и на целиот свет“, рече тој.

Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин во Украина се обидува да ја згасне целата култура“и изјави дека руските сили ги гаѓаат украинските училишта, цркви и музеи, пренесуваат медиумите.

Соединетите Американски Држави, рече Бајден, ќе продолжат да работат со партнерите и да го предводат глобалниот одговор на руската инвазија.

Американскиот претседател повтори дека верува оти ова е момент на трансформација“за целиот свет, односно прашањето дали ќе надвладеат демократии или автократии.

Можете да прочитате

Трамп денес ја почнува акцијата за ослободување на заглавените бродови во Хормуз

Безбедноста на Путин драстично зголемена, Кремљ стравува од атентат и државен удар

Берлин и ЕУ подготвуваат одговор на зголемувањето царини за автомобили од страна на Трамп