Утрински Весник
Македонија

Пендаровски на пречекот на трофејот на Светското првенство на ФИФА

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промотивниот настан за пречекот на ФИФА трофејот, во рамки на глобалната турнеја во пресрет на Светското фудбалско првенство, коешто ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година во Катар.

Пендаровски го оцени како фудбалска историја доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва.

Пендаровски упати благодарност до организаторите за можноста и честа Северна Македонија да биде една од земјите домаќини на овој значаен спортски трофеј, информираа од неговиот кабинет.

„Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ”, порача Пендаровски.

Македонија е меѓу 51 држава опфатени со промотивната турнеја, во која се вклучени и сите 32 земји-учеснички на Светското фудбалско првенство во Катар.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лице

Приведен скопјанец баран за доиздржување казна затвор од седум години и еден месец

Корупција во здравството: Најчесто се плаќа за побрз преглед кај специјалист и кревет или операција без чекање