Утрински Весник
Свет

СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунска сипаница

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека од вирусот на мајмунски сипаници, кој најпрвин беше регистриран во Англија, а потоа се прошири и во другите европски земји, досега се заразени 80 лица.

Потврдени се околу 80 случаи на мајмунска сипаница, пријавени во СЗО од 12 земји, пренесуваат светските агенции.

Првпат регистриран во Англија на 7 мај, вирусот мајмунски сипаници се прошири во 12 земји во последните две недели.

Покрај Англија, земјите каде што се регистрирани случаи се Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Италија, Шведска, Канада, САД и Израел.

Мајмунските сипаници се „роднини“ на големите сипаници кои беа искоренети во 1979 година, се помалку преносливи и помалку смртоносни. Главната разлика помеѓу симптомите на голема сипаница и мајмунска сипаница е во тоа што мајмунските сипаници предизвикуваат отекување на лимфните јазли, а големите сипаници не.

Глодарите, вклучително и оние кои се чуваат како домашни миленици и мајмуни, можат да го носат вирусот и да го пренесат на луѓето, пишуваат медиумите.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести вели дека симптомите на мајмунска сипаница започнуваат со треска, главоболка, болки во мускулите и исцрпеност. По неколку дена, пациентите може да развијат осип кој поминува низ различни фази. Болеста обично трае од две до четири недели.

Вирусот, кој обично се пренесува од животно на човек, а ретко од човек на човек, може да предизвика висока температура и чешање со меурчиња на телото.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела