Утрински Весник
Македонија

Со пиштол го застрелал кучето на соседот

Вчера во 08.25 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул.„Малешевска“, К.В.(67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор.

Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор.

Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Малолетник возел мопед во спротивна насока во Велес и избегал од полициска патрола

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години