Утрински Весник
Македонија

Пред казино на плоштадот „Македонија“ уапсен жител на Батинци кој носел пиштол

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера околу 19.15 часот пред казино на плоштадот „Македонија“ го лишиле од слобода А.И. (20) од скопско Батинци.

Како што информираат од МВР, при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „ZORAKI M 906 T“ и рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметар.

Дваесетгодишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Последниот танц на политичарот Вучиќ: Кога моќта почнува да го губи ритамот 

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите