Утрински Весник
Македонија

Архиепископот Стефан и српскиот патријарх ќе служат литургија и во Скопје, на Денот на сесловенските просветители

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) ќе престојува делегација на Српската Православна Црква (СПЦ) предводена од Неговата Светост, соопшти Синодот на МПЦ-ОА.

„На 24. мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија“, се наведува во соопштението.

Од МПЦ-ОА ги повикуваат верниците да земат масовно молитвено учество.

Вчера во црквата „Свети Сава“ во Белград, СПЦ и МПЦ-ОА по 55 години, првпат, одржаа заедничка литургија.

Можете да прочитате

Кривична пријава за екс градоначалникот на општина Чашка

Во струшко запленети над 23.000 парчиња пиротехника

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче зборува дека се живее тешко а отиде на одмор во Дубаи