Утрински Весник
Свет

Претседателот на Финска: Ќе поминеме низ барањата што Турција ги искажа

„Финска ќе помине низ барањата што Турција ги искажа во спротивставување на плановите на таа земја и Шведска да се приклучат кон НАТО“, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто, по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Белата куќа.

„Имаме причина да поминеме низ она што Турција го изрази на соодветен начин, а потоа да ги дадеме нашите јасни одговори“, изјави Нинисто на новинарите, пренесе Ројтерс.

По децениска неутралност, Финска и Шведска вчера официјално ја поднесоа својата апликација за влез во НАТО.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела

Русите го нападнаа украинско-полскиот граничен премин

СДСМ: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите