Утрински Весник
Спорт

Таксист одби да го вози пијаниот Тајсон Фјури во Кан

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури призна дека „испил малку повеќе“ откако се појави . во кое таксист во францускиот град Кан одбива да го прими поради тоа што е во алкохолизирана состојба, по што тој го клоца автомобилот.

Актуелниот ВБЦ шампион е на Азурниот Брег на одмор со своето семејство, каде што бил снимен како со помош на неговиот татко Џон се обидува да фати такси додека се клати, по што се потпира на Реното и ссе обидува да ја отвори вратата. Возачот им објаснува дека нема да ги прими во таква состојба и заминува и Фјури се обидува да го клоцне.

Фјури имаше интересна преписка со неговиот татко на Инстаграм, каде што Џон вели: „Премногу минатата вечер“, а Фјури одговара: „Силно, пиво, нели тато?“.

Популарниот „Џипси Кинг“ инсистира дека е пензиониран од боксот по нокаутот над Дилијан Вај минатиот месец и почна да ужива во животот на јахта во Франција.

> Таксист одби да го вози пијаниот Тајсон Фјури во Кан <

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини