Утрински Весник
Култура

„Лирскиот дом на Ацо Шопов“ на Филолошкиот факултет

Screenshot

Денес со почеток во 12 часот, во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи настанот „Лирскиот дом на Шопов – отворени образовни и културни ресурси“.

Со овој настан ќе бидат одбележани два јубилеа – 70 години од објавувањето на стихозбирката „Стихови за маката и радоста“ и 40 години од смртта на поетот Ацо Шопов, со што ќе започне литературната манифестација „Денови на македонската литература“ во организација на Катедрата.

Screenshot

Акцентот на настанот ќе биде ставен на повеќејазичната веб-платформа „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – отворен, интернетски ресурс преку којшто е достапен голем дел од творештвото на Шопов, голем фонд на документи и податоци, како и критички одгласи за неговата поезија и голем обем на видеоматеријали и фотодокументација. Целта на настанот е да придонесе за поголема достапност на платформата за книжевните истражувачи, лингвистите и преведувачите, како и за студентите и воопшто за македонската академска заедница во целина.

На настанот, поздравни обраќања ќе одржат деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Анета Дучевска, продеканката, проф. д-р Маја Бојаџиевска и раководителката на Катедрата за македонска книжевност и култура, проф. д-р Кристина Николовска. Реч за поетот Шопов и за веб-платформата „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следи и презентација на веб-платформата, којашто ќе ја оствари Јасмина Шопова, толкувач и препејувач, но и ќерка на поетот и носител на проектот за создавање на повеќејазичната веб-платформа.

Настанот ќе се одржи во виртуелен формат, преку платформата Зум и сите заинтересирани ќе можат да го проследат преку оваа врска.

Текстот „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ на Филолошкиот факултет е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“