Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Во време на светска економска и енергетска криза, постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 осто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

„СДСМ обезбеди историско најголемо зголемување на платите во основното и средното образование. Досега во образованието платите во три наврати се зголемија за 21 отсто.

За само пет години, платите во образованието вкупно се зголемуваат за 36 отсто.

За споредба, во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, платите во образованието се зголемија за едвај четири отсто.

Важно е да се напомене и дека платите на оние што штрајкуваа ќе бидат исплатени, но и дека следува изработка на нова методологија за континуиран раст на платите во образованието секоја година, без тоа да зависи од нечија политичка волја или одлука.

СДСМ секогаш бил и ќе остане на страната на работниците.

Како одговорна партија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на животниот стандард на граѓаните дури и во услови на најголема економска криза“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ денеска ќе објави нови кандидати за градоначалници, Трајковски за Кисела Вода, Костадинов за нов мандат во Валандово

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување – цената ја плаќаат децата од болницата „Козле”

Мицкоски: Со новата опрема според НАТО стандардите го зајакнуваме нашиот одбранбен капацитет, безбедноста на државата и граѓаните