Утрински Весник
Македонија

(Видео) Јајоска: Поради неспособноста на Арсовска Град Скопје останува без принтери, граѓаните без документи

Град Скопје и цела админитрација без 31 принтер значи проблем во давањето на редовните услуги од кои штета ќе имаат граѓаните, физичките и правните лица, изјави Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и советничка во Советот на Град Скопје.

„ Ваквото нејзино неодговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните ќе ги остави без потребните документи. Уште еднаш на дело исплива неспособноста на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Толку е менаџерскиот капацитет. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не може да менаџираат ниту со канцелариската опрема во Град Скопје, а не пак да реализираат некој важен проект за градот и граѓаните“ рече Јајоска.

Таа додаде дека првите шест месеци од мандатот, Арсовска ги поминала во неработење и партизација на Градот, секојденвно докажувајќи дека е најнеспособниот градоначалник што Скопје некогаш го имал.

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот