Утрински Весник
Свет

Украина: Русите продолжуваат со ракетните напади низ целата земја

Руските сили продолжуваат со ракетните напади врз воени цели и цивили низ цела Украина, тврди украинската армија.

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, руски војници блокираат единици во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, пренесува Би-би-си.

Генералштабот додава дека руските сили го напаѓаат и Доњецк и ги гранатираат пограничните региони Чернихив и Суми.

Граничниот премин Теткино на руско-украинската граница вечерва е погоден од минофрлачки гранати, изјави гувернерот на областа Курск, Роман Старојт, наведувајќи дека нема жртви.

„Денеска околу 20.30 часот е гранатиран преминот Теткино во областа Глушков во областа Курск. Проектилите биле истрелани од украинска територија“, напиша на „Телеграм“ гувернерот на областа Курск.

Руската агенција наведува дека Украина и претходно, на 24 февруари, 29 март и 23 април го гранатирала граничниот пункт во населбата Теткино, но и тогаш немало човечки жртви. Меѓутоа, гранатирањето извршено на 23 април доведе до пожар во локалната канцеларија на руското надзорно тело за земјоделство, јави ТАС С.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа