Утрински Весник
Свет

Захарова: САД ги „туркаат“ Шведска и Финска во НАТО

Со туркањето на Финска и Шведска да влезат во НАТО, САД и даваат одврзани раце на Русија, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, пренесуваат руските агенции.

„Фактот што Финска и Шведска сега работат под притисок на Вашингтон, но не нивните народи, туку нивните политички сили, и дава одврзани раце на Русија“, изјавила Захарова, пренесува Спутник.

Таа додала дека мора да го имаат на ум тоа следниот пат кога ќе измислат уште една руска закана за безбедноста на храната и енергијата.

Претходно денеска, претседателот на финскиот парламент, Мати Ванханен, изјави дека парламентот го одобрил барањето на Финска за членство во НАТО, објавија медиумите во светот.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат