Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повика на голем протест на 18 јуни, блокадата во Собранието продолжува

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со активната блокада во Собранието.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски по завршувањето на Извршниот комитет на партијата најави голем протест на 18 јуни и повика на масовна излезност.

„Молкот не е опција, протест за промени и подобар живот“, порача Муцунски.

Според опозициската партија, предвремените парламентарни избори се единствено решение. Муцунски образложи дека изборите се неопходни поради штните политики на власта, а во таа насока зборуваше за енергетската криза, инфлацијата и зголемените трошоци на компаниите. Муцунски додаде дека капиталните инвестиции се на ниско ниво, не е испорачан датум за ЕУ, а на проблемите во правосудниот систем, како што рече, укажуваат и меѓународните фактори.

Извршниот комитет заклучи и дека реформите во администрацијата се во застој, корупцијата е висока, а за сообраќајните несреќи кај Ласкарци и во Бугарија, и модуларната болница во Тетово се’ уште нема одговорност.

Можете да прочитате

СДСМ со потсетник: Тендери од 9 милиони евра за една фирма со само двајца вработени!

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните