Утрински Весник
Свет

Маж влегол во црква во Калифорнија и почнал да пука – има убиени и ранети

Маж отворил оган во презвитеријанска црква во Лагуна Вудс, јужна Калифорнија, за време на неделниот собир на верници, при што убил едно лице, а петмина се повредени, пред да биде запрен. Според локалниот шериф, парохијаните кои го совладале напаѓачот и го врзале, покажале исклучително херојство.

Четворица од петте ранети се тешко повредени, соопштија претставници на округот Оринџ, потврдувајќи дека напаѓачот е маж на 60-годишна возраст од Азија и дека е во притвор, а замениците на шерифот на лице место пронашле два пиштоли.

Мотивот за пукањето не е веднаш познат, но истражителите не веруваат дека напаѓачот живее во заедницата Лагуна Вудс, град со околу 16.000 жители, кој е оддалечен околу 80 километри од Лос Анџелес.

Се верува дека повеќето од верниците кои биле во црквата за време на пукањето се од тајванско потекло, изјави Кери Браун, портпаролка на канцеларијата на локалниот шериф.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови