Утрински Весник
Македонија

Гаши доби нов четиригодишен мандат на чело на Алтернатива

Dik 300x250 mk

Актуелниот претседател на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, на денешниот конгрес доби нов четиригодишен мандат.

Гаши му се заблагодари на партиското членство, коментирајќи дека Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти.

Во своето обраќање на конгресот, Гаши изјави дека Алтернатива станала дел од Владата не заради страста кон власт, туку затоа што државата била во грч и се работело за нејзината стабилност по неуспешниот обид за формирање на ново мнозинство и нови избори.

Конгресот на Алтернатива денеска го донесе и Статутот, како и новата програма на партијата за периодот 2022 – 2026. Делегатите со мнозинство гласови ги избраа и новите членови на Централниот одбор.

На свеченоста присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски. Во коментар на социјалните мрежи, Ковачевски напиша дека владината коалиција со целиот свој капацитет работи во интерес на граѓаните и успешно менаџира со предизвиците предизвикани од најголемата светка и економска криза по Втората светка војна.

„Политичката партија Алтернатива е нашиот нов партнер во Владата, со вградени програмски определби. Со задоволство ја прифатив поканата и присуствував на денешниот Конгрес на Алтернатива. Благодарен сум на нивниот придонес како и на сите партии од парламентарното мнозинство. Одговорно и посветено продолжуваме да работиме за граѓаните и напредокот на државата“, напиша премиерот.

Можете да прочитате

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени

Мешовитата историска комисија одржа средба, се разговарало за учебниците по историја и општество