Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ако се грижеше за граѓаните досега ќе ја прифатеше нашата подадена рака за излез од кризата

Ако СДСМ навистина се грижеше за граѓаните и Македонија досега Ковачевски ќе ја прифатеше подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата. Но Ковачевски продолжува да е заложник на заевизмот и на коалицискиот партнер, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„ ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет кој е во интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ предлага експерти кои можат да помогнат во клучните области, но и да се определи датум за предвремени избори, кои патем може да се одржат со изменет закон со една изборна единица како едно од барањата во коалицискиот договор помеѓу СДСМ и нивните помали партнери.

ВМРО-ДПМНЕ со активната блокада ќе ги блокира законите кои што не носат добро за граѓаните. Тоа се закони за поединци или имаат за цел да го пљачкаат народот. Но, се што е од интерес за граѓаните како што се закони за повисоки плати, повисоки пензии, субвенции тоа нема намера ВМРО-ДПМНЕ да блокира, напротив сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи“ додаваат од партијата.

Можете да прочитате

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ

Агелер се збогува од Македонија

АВМУ изразува загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на СДСМ кон медиуми и новинари