Утрински Весник
Македонија

В понеделник посебен сообраќаен режим во Скопје

В понеделник од 09.30 до 12.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Лазар Личеновски“, ул.„Самоилова“ и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8 Септември“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива вежбата.

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!