Утрински Весник
Свет
Img 7972

Лавров: Западот ни објави целосна хибридна војна – го прифаќаме предизвикот

Img 7972

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Западот и објавил „тотална хибридна војна“ на Русија и дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае.

„ Целиот западен свет ни објави тотална хибридна војна и тешко е да се предвиди колку ќе трае сето ова, но јасно е дека последиците ќе ги почувствуваат сите без исклучок“, рече Лавров, пренесува „Ројтерс“.

На осумдесет дена од почетокот на конфликтот во Украина, Лавров укажа на санкциите наметнати на Москва и посочи дека напорите на Западот да ја изолира Русија се осудени на неуспех, посочувајќи дека „односите на Русија со Кина, Индија, Алжир и Земјите од Заливот се важни“.

„ Направивме се за да избегнеме директен конфликт, но сега, кога е фрлена ракавицата, ние, се разбира, ќе го прифатиме предизвикот“, рече Лавров, додавајќи дека санкциите не се нови за Русија, бидејќи „тие беа речиси секогаш таму“, на еден или друг начин“, пренесува британската агенција.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија