Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи на неформален состанок на НАТО во Берлин, поканети се и министрите на Финска и Шведска

300x250 opst2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе учествува на неформалниот состанок на НАТО министрите за надворешните работи, што ќе се одржи денеска и утре, во Берлин.

Во фокусот на разговорите ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид.

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата, соопштија од Министерството за надворешни работи.

На маргините на состанокот, се очекува министерот Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други хомолози.

Можете да прочитате

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница

Неделна прогноза за Македонија: Прво дожд и снег, па сонце

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“