Утрински Весник
Свет

Украина сака да вооружи милион луѓе

Украинскиот министер за одбрана се надева дека ќе вооружи милион борци додека земјата се подготвува за „нова, долга фаза на војна“.

Олексеј Резников во објава на Фејсбук истакна дека Украина „ќе треба внимателно да ги планира ресурсите и да избегне грешки за да победи во војната“. Веќе, рече тој, Русија претрпе стратешки пораз. Тој вели дека Украина ја чекаат многу тешки недели.

„Никој не може точно да каже колку недели. Во тој период ќе се браниме првенствено со свои средства од непријателот полуден од бес“, напиша тој.

Според него, зголемениот притисок на санкциите против Русија и зголемувањето на странската помош за Украина треба да создадат услови во рок од неколку месеци под кои Кремљ конечно ќе ги загуби сите шанси да постигне каков било успех. Тогаш, како што вели ќе се појави нова можност за Украина.

„Во овој исклучително тежок Во тој период ни треба единство, сплотеност, волја и трпение“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел