Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција не гледа позитивно на плановите на Шведска и Финска за влез во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не е возможно Турција, членка на НАТО, да ги гледа позитивно плановите на Шведска и Финска за приклучување кон алијансата велејќи дека двете земји се дом на многу терористички организации.

Планот на Финска да аплицира за членство во НАТО, кој беше објавен вчера, и очекувањето дека Шведска ќе го стори тоа, ќе доведе до проширување на западната воена алијанса, што рускиот претседател Владимир Путин сака да го спречи, објави „Ројтерс“.

Планот на Финска да аплицира за членство во НАТО ќе го прошири западниот воен сојуз.

Можете да прочитате

Пет млади лица се удавиле во Британија за време на топлотниот бран

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена