Утрински Весник
Свет

Истражување: 63 отсто од граѓаните на Германија стравуваат дека земјата може да биде вовлечена во војната во Украина

Dik 300x250 mk

Во анкетата нарачана од Првиот канал на германската телевизија, 63 отсто од испитаниците рекле дека стравуваат дека Германија ќе биде вовлечена во војната, во исто време, повеќето сметаат дека Берлин не треба да се воздржува од поддршката на Киев.

Сепак, повеќето испитаници се на мислење дека германската влада не мора да се воздржува од поддршка на Украина.

Во војната со Русија, Германија ја поддржува Украина со испорака на тешко оружје и обука на украинските војници од страна на Бундесверот. Стравот е најмалку распространет кај Зелените (46 отсто), а најмногу кај поддржувачите на Алтернатива за Германија (АфД) со дури 77 отсто.

Анкетата традиционално го поставува прашањето: Ако во недела има сојузни избори, која партија би ја избрале?

Севкупно, сегашната владејачка коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите би имала 50 отсто поддршка од испитаниците, било наведено во истражувањето.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник