Утрински Весник
Култура

„Panta rhei“ изложба на скулптури од Марјан Стојаноски

На 16. мај со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на скулптури од Марјан Стојаноски насловена “Panta Rhei” во културно-информативен центар – Скопј, Салон Империјал 2.

Последното ликовно достигнување на академскиот скулптор Стојаноски е насловено „Panta rhei“. Овој опус скулптури има современ призвук кој наликува на пат кон иднината, кон непознатото.

Идејниот израз на авторот е отелотворен визуелно во метал. Делата поседуваат динамизам, тие се асоцијативно- ротирачки формации кои претставуваат рефлекс од едно друго време, рефлекс од безвременоста, рефлекс од вселената. Кругот, неговата моќ и неговото симболистичко сфаќање раскажуваат за panta rhei.

Феникс, повторно раѓање, издигнување од пепелта е наративно пораката што ја носи оваа изложба. Стојаноски е патник низ времето, тој волшебно ја менува својата стварност оставајќи траг кој сведочи за творечка физиономија создадена во духот на новото време.

Изложбата ќе биде отворена до 24.05.2022 година.

Текстот „Panta rhei“ изложба на скулптури од Марјан Стојаноски е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“