Утрински Весник
Свет

Изетбеговиќ: Дрска е изјавата на рускиот амбасадор дека БиХ не треба да влезе во ЕУ

Бакир Изетбеговиќ, член на Претседателството на БиХ, изјавата на рускиот амбасадор Игор Калабухов дека БиХ не треба да се приклучи на ЕУ ја нарече флагрантно и арогантно мешање во внатрешните работи на БиХ.

За „Национал“, Изетбеговиќ ја анализираше политичката ситуација во земјата, особено кризата во довербата меѓу Хрватите и Бошњаците во Федерацијата БиХ, која настана поради неуспехот на преговорите за промена на изборниот закон на БиХ.

Игор Калабухов во свој текст за „Глас Српске“ од Бањалука пред неколку дена напиша дека граѓаните на БиХ треба добро да размислат дали им е потребно членство во ЕУ.

„БиХ се одлучи за членство во ЕУ и НАТО, со консензус во кој учествуваа и претставници на Србите од Република Српска. Поточно, луѓето на Додик од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД). Ова се наши државни стратегии, официјални документи на БиХ , што дури и дрско е амбасадорот да го коментира тоа, а камоли да ги негира нашите определби“, изјави Изетбеговиќ за „Национал“.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови