Утрински Весник
Спорт

Карим Бензема ќе остане „крал“ до 2024 година

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе потпише нов договор со „кралевите“ до 2024 година. Се е договорено за продолжување на верноста, а официјалниот дел сепак ќе биде оставен по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ на 28 мај во Париз ќе играат против Ливерпул во финалето на елитното европско клупско натпреварување.

Бензема зад себе има одлична сезона. Тој е веројатно најзаслужниот за 35. титула во Ла Лига оваа сезона, а неговите игри против ПСЖ, Челси и против Манчестер Сити во Лигата на шаппионите делуваа нестварно.

Реал Мадрид токму поради се откажа од ангажманот на Ерлинг Халанд, а ќе се фокусира на негова квалитетна замена. Како имиња се споменуваат Борха Мајорал и Раул де Томас.

> Карим Бензема ќе остане „крал“ до 2024 година <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина