Утрински Весник
Свет

(Видео) Германската министерка Аналена Бербок гаѓана со јајца

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок беше цел на напад во Вупертал, јавуваат медиумите во регионот.

Бербок присуствувала на предизборен митинг во Вупертал пред покраинските избори во Северна Рајна-Вестфалија за поддршка на кандидатката на Зелените, Мона Нојбауер.

Таа излегла да зборува на собирот, но набргу потоа жена од публиката ја гаѓала со јајца, што таа вешто го избегнала наведнувајќи се брзо, пишува во новинарските извештаи.

„Можете да фрлате јајца колку сакате. Никој нема да ме заплаши“, кажала министерката, порачувајќи ѝ на жената што гаѓала со јајца да го почитува нејзиното право на мислење, додавајќи дека смета дека треба да се изрази на поинаков начин.

Од полицијата соопштиле дека „јајцето ја промашило целта“, а против жената која го фрлила јајцето ќе биде поднесена кривична пријава за обид за нанесување телесни повреди.

Можете да прочитате

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела

Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија