Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Над 14.000 посетители во Зоолошката градина изминатиов викенд

Зоолошката градина и годинава е една од најпосетените локации во Скопје, каде овој викенд имавме рекордна посетеност од над 14.000 посетители, информираат од Град Скопје.

„Град Скопје и ЈУ ‘Зоолошка градина’ во континуитет работат на подобрување на просторните услови на живеалиштата, а рекордната посетеност е уште еден поттик за продолжување на активностите за поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните“, објаснуваат од таму.

Истовремено апелираат до посетителите на Зоолошката градина на совесно однесување, со што, како што велат, вработените ќе можат полесно да ги реализираат нивните работни обврски и мисија – едукација, чиста и средена зоолошка и најголема грижа и љубов за животните.

Можете да прочитате

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Умереното консумирање кафе поврзанo со подобро ментално здравје

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство