Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари и Меган, најверојатно, ќе го прослават првиот роденден на Лилибет во Британија

Лилибет ќе наполни една година на 4 јуни, што се поклопува со платинестиот јубилеен викенд, пренесуваат британските медиуми.

Војводата и војвотката од Сасекс ќе дојдат во Британија за да присуствуваат на четиридневните прослави заедно со ќерката, која сè уште не ја запознала својата прабаба, кралицата Елизабета Втора, и синот Арчи, кој изминатиот викенд наполни три години.

Кралскиот експерт Емили Неш напиша на „Твитер“: „Изгледа дека Лилибет ќе го одбележи својот прв роденден во Обединетото Кралство истиот викенд на прослава на историскиот платинест јубилеј на својата прабаба“.

„И таа ќе се сретне со кралицата првпат“.

Не е познато на кој од настаните по повод јубилејот ќе присуствуваат Сасексови.

Продолжениот викенд во кој се слават неверојатните 70 години на тронот на кралицата ќе почне со воената парада Trooping the Color в четврток на 2 јуни.

Можете да прочитате

СЗО: Горештините го зголемуваат ризикот од предвремено породување

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека