Утрински Весник
Македонија

Националната мрежа против хомофобија: Итно да се пронајдат напаѓачите на активистот Беким Асани во Тетово

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро го осудува физичкиот напад врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“, Беким Асани и бара од надлежните институции итно да ги пронајдат и санционираат сторителите на ова, како што велат, дело од омраза.

„Според сведоштвото на Асани, нападот се случил на 7 мај 2022 година на градските гробишта во Тетово, каде тој бил со својата мајка. Четири машки лица на возраст од 20 до 40 години кои седеле на клупа му дофрлувале на Беким ‘педер’, ‘неверник’, ‘многу зборуваш со устата’, ‘ќе гориш во пеколот’. Потоа еден од нив го нападнал со бокс во лицето, по што Беким паднал на земја, а напаѓачот продолжил да го удира со клоци по стомакот и нозете“, се наведува во соопштението на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Од таму нагласуваат дека кривичните дела од омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата ретко добиваат правен епилог и инсистираат на темелно постапување од страна на органите и целосно расчистување на случајот.

„Треба да се има предвид дека игнорирањето на говорот и делата од омраза кон ЛГБТИ лицата и неказнивоста на сторителите на овие дела, води до продлабочување на недовербата во институциите, поради што многу вакви напади воопшто не се ни пријавуваат. Апелираме институциите еднакво да ги третираат сите граѓани во државата и да престанат да придонесуваат кон јакнење на дискриминацијата и насилството на кое се подложени сексуалните и родовите малцинства“, стои во соопштението.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни