Утрински Весник
Македонија

Пронајдена дрога во угостителски објект во Прилеп, приведено едно лице

Утрово во 00.05 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода И.А.(36) од Прилеп.

При контрола во негов угостителски објект во Прилеп била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики